Аналогна Телевизија

Телевизија

Кабелската телевизија во светот не е постара од 50 години, меѓутоа тогаш немала ни приближно можности какви што има сега. Кабелската мрежа кога се појавила, имала сосема поинаква намена.

Во минатиот век корисниците на ТВ можеа да примаат слика само ако се на домет на Антената на станицата која ја емитира програмата. Луѓето во одалечени предели биле исклучени од можноста за гледање на квалитетна ТВ програма.

Во 1948 луѓето кои живееле во Пенсилванија, САД, дошле до решение за овој проблем - Наместиле антени околу планината и ТВ сигналот до своите домови го пренеле со кабел. Така настанале првите кабелски системи. Така настанала и кратенката која се користи денес за кабелска телевизија CATV, која означува Community Antenna Television.

1976 година е многу важна за кабелската телевизија. За прв пат се појавил нов начин на пренесување на сигналот - оптичко влакно, со што дошло до драстично подобрување на ТВ сигналот дистрибуиран по кабелската мрежа.

Оптичките кабли составени од сноп на оптички влакна, овозможува пренос на сигнал со многу малку загуби. Благодарение на тоа ТВ сигналот, на пат до крајниот корисник поминува низ само 6 засилувачи наместо дотогашни 40. Од 1988 новата технологија тој број го намали од 6 на 3. Драстичното намалување на бројот на засилувачите доведе до зголемување на квалитетот на сигналот и работата на целокупниот систем.

КДС Кабелнет ги прескокна развојните маки на кабловската телевизија и нашите системи се на врв на светската технологија.