x

ЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА

ШТО Е КАБЕЛСКИ ИНТЕРНЕТ

Што е кабелски интернет
Кабелски интернет е сервис кој обезбедува поврзување на корисникот со интернет, користејќи ја кабелската мрежа.

Колку е таа брзина поголема од досегашната dialup конекција?
Теоретски барем 1000 пати, затоа што dial-up постигнува брзина до 56 Kb/s download od 7 KB/s (Пропусната моќ се мери со килобита, а download во килобајти, затоа 1 KB = 8 Kb) Со интернет од КДС Кабелнет можете да постигните брзини до 50 Mbit/s или 50120 KBit/s.

Мене не ми е потребна толкава брзина, Тоа мора да е скапо?
Напротив. Цените на пакетите се од 300 денари месечно па нагоре, овозможувајќи ви слободно сурфање, e-mail комуникации Online Gaming итн.

Колку сати во денот можам да го користем интернетот?
КДС Кабелнет ви овозможува 24 сати 7 дена во неделата непрекинат интернет.

Имам потреба да пренесувам голема количина на податоци преку интернет, колкави се месечните ограничувања?
Месечните ограничувања варираат од пакет до пакет, од 40GB Месечно ограничување па се до Неограничен Месечен Сообраќај, Меѓутоа со доплата во наплатниот Центар на КДС Кабелнет може во секое време да си надополните Сообраќај.

Како можам да проверам колку месечен сообраќај ми има преостанато?
Проверка на состојбата може да направите на следниов LINK. Користејќи ја лозинката која сте ја одбрале со склучувањето на договорот.

Сакам кабелски интернет во мојата фирма, меѓутоа не ми е потребна кабелска телевизија?
Основниот Пакет од КДС Кабелнет ве ослободува од трошоци за кабелска телевизија.

Во мојата фирма има повеќе компјутери како да користам интернет на сите?
Потребно е да набавите рутер кој ќе ви овозможи пристап на интернет со повеќе компјутери.

Поседувам интернет кафе и сакам секој од моите компјутери да има сопствена IP адреса?
Доколку сте сопственик на интернет кафе добивате сопствено IP за секој компјутер.

 

ПРЕДУСЛОВИ ЗА КАБЕЛСКИ ИНТЕРНЕТ

Доколку направам договор колку време сум обврзан да користам интернет?
Постојат договор на неопределено време, договор на 1 година, договор на 2 години.

Договор на определено време за период од 12 или 24 месеци, во кој период не е дозволено да се направи пауза во користењето на интернет и не е возможно да се стави приклучокот во мирување за времетраењето на договорот, што во практика значи дека и да не го користите интернетот во некој од месеците за времетраење на договорот должни сте да го платите бидејќи услугата ви е овозможена и во тие месеци.
Договор на неопределно време во кој договор можете да направите пауза во користењето на интернет, но не повеќе од 2 месеци во последните 12 месеци сметано од тековниот месец без да ја најавите, што во практика значи дека едноставно можете да не го платите интернетот за тој месец кога не сакате да го користите без да ви води долг. Во овај тип на договори можете и да го ставите вашиот интернет приклучок во мирување на неопределено време за кое нешто треба да дојдете во просториите на КДС Кабелнет и потполните писмена изјава дека на ваше барање се става приклучокот во мирување, што значи дека доколку е ставен приклучокот во мирување не излегуваат сметки за интернет за времетраење на мирувањето на приклучокот, не ви води долг и можете повторно кога сакате да го активирате приклучокот.

Кој може да биде корисник на кабелски интернет?
Корисник на кабелскиот интернет може да стани било кој, кој што се наоѓа на локација технички оспособена од КДС Кабелнет. Можете да користите интернет иако не користите кабелска телевизија меѓутоа добивате поповолни услови доколку сте корисник на кабелска телевизија.

 

ЦЕНИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ

Колку е цената за приклучок на интернет
Приклучокот за интернет не се наплаќа.

Колку е цената на месечната претплата за интернет?
Месечната претплата зависи од интернет пакетот кој го користите од 300 денари па се до 1200 денари месечна претплата.

Колку е цената за доплата на сообраќај?
Секој месец за првото надополнување на сообраќај е 100 денари со тоа добивате "БОНУС 500" + 500GB. Оваа услуга Бонус 500 можете да ја користите неограничено во месецот.

Каде да ја платам сметката?
Сметката може да ја платите на инкасаторот кој ви ја носи во вашиот дом. Доколку не ја платите кај инкасаторот истата може да ја платите во Пошта најкасно до 25 во тековниот месец. Доколку сте ја изгубиле сметката, во Наплатниот центар на КДС Кабелнет може да ви се препечати нова и истата да ја наплатите.

 

ТЕХНИЧКИ ПРАШАЊА

Ваш сум корисник, но немам интернет?
Пред да не контактирате за помош ве молиме проверете го следново:

Дали ви е кабелот уклучен во компјутерот.
Проверете дали вашата конекција е "enable".
Проверете (во DOS prompt) дали командата "ipconfig" ви враќа IP адреса.
Пробајте (во DOS prompt) "ping www.kabelnet.com.mk" ili "ping www.google.com" да видите дали враќа replay.
Отворете ја страницата http://www.kabelnet.com.mk. Доколку ја гледате страната немате проблем со вашата конекција.
Проверете дали некој антивирус софтвер ви има активирано Firewall.
На овај начин ќе ни помогнете полесно да го лоцираме проблемот дали е кај нас или кај Вас.

Си ја заборавив лозинката за проверка на состојбата?
На вашиот договор за интернет ви е напишана лозинката со која може да си ја проверите сметката. Доколку не ви функионира лозинката ве молиме контактирајте не.

Ми се потроши месечниот сообраќај но не сметнував ништо?
Ве молиме проверете го вашиот компјутер, проверете дали имате некој вирус или тројан кој во позадина ви троши сообраќај. Исто така проверете да не имате заборавено некоја програма за peer-to-peer download (bearshare, torrеnts и слично) која работи во позадина.