x

Често поставувани прашања - Телефон

ШТО Е VOIP ТЕЛЕФОНИЈА

Што е VOIP Телефонија?

VOIP (Voice Оver Internet Protocol) Телефонија е фиксна телефонија која се пренесува преку интернет протокол.

Што ми е потребно за да користам VOIP телефонија?

Потребно е само да си обезбедите телефонски апарат. Останатото е наша грижа.

Дали ми е потребен интернет за да користам VOIP телефонија?

VOIP телефонијата е независна и немора да користите интернет.

Дали можам да ги бирам сите мрежи?

Да може да ги бирате сите мрежи во и надвор од државата.

Дали можам да го користам мојот стар телефонски апарат?

Да. Меѓутоа потребно е телефонот да има тонско бирање.

Може ли да правам забрани према некои мрежи (мобилни, странство и др.)?

Да тоа можете да правите забрани преку корисничкиот портал на неотел support.neotel.com.mk.

Какви додатни услуги добивам со VIOP телефонијата?

Можност за проверка на детална сметка во секое време преку интернет, втора линија, идентификатор, втор број сите овие услуги ги добивате бесплатно.

Какви се условите за користење на телефон за правно лице?

Цената за приклучок за правни лица е бесплатна (важи само за корисници на КТВ и ИНТ од КДС Кабелнет), тарифирањето е стартно по секунда.

Дали можам да користам факс и пост терминали?

Да. Меѓутоа треба да не известите за да ви се овозможи таа опција.

 

ПРЕДУСЛОВИ ЗА VOIP ТЕЛЕФОНИЈА

Доколку направам договор колку време сум обврзан да користам телефон?

Постојат договор на неопределено време, договор на 1 година, договор на 2 години.

Кој може да биде корисник на VOIP телефонија?

Корисник на телефонија може да стане било кој, кој што се наоѓа на локација технички оспособена од КДС Кабелнет. Можете да користите телефонија иако не користите кабелска телевизија и интернет меѓутоа добивате поповолни услови доколку сте корисник на кабелска телевизија и интернет услугите од КДС Кабелнет.

 

ЦЕНИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ

Колку е цената за приклучок на телефон?

Цената за приклучок зависи од времетраењето на договорот од 0 до 1900 денари (важи само за корисници кои имаат и КТВ и ИНТ од КДС Кабелнет) цена за приклучок.

Колкава е месечната претплата?

Во зависност договорот месечната претплата може да изнесува 0 денари, 150 денари со вклучени бесплатни минути и 300 денари со вклучени бесплатни минути.

Колкава е цената по минута?

Ве молиме за подетални информации околу цените превземете го ценовникот за Физички лица или за Правни лица.

Каде да ја платам сметката?

Сметката може да ја платите во Тутунска банка, Комерцијална банка или во Пошта.

 

ТЕХНИЧКИ ПРАШАЊА

Можат да ме добијат не неможам да добијам никого?

Ве молиме проверете дали на телефонскиот апарат имате овозможено тонско бирање. Бирањето нема да ви функционира доколку користите пулсирачко бирање.

Можам да бирам но никој неможе да ме добие?

Ве молиме контактирајте не. Проблемот се остранува за 15 мин.

Проблеми со добивање во странство?

Доколку неможете да добиете некој број во странсто или пак неможат да ве добијат од странство ве молиме во најбрз можен рок да не известите за полесно да го лоцираме проблемот.