x

Преносливост на број

Изберете ја Кабелнет Фиксната телефонија, а притоа задржете го вашиот телефонски број од било кој оператор.

 

Процедура за преносливост на број:

За да се пренесе еден телефонски број т.е нумерација од еден Оператор на друг потребно е Корисникот да ги исполнува следните услови:

  1. Активна телефонска линија (од друг оператор)
  2. Подмирен долг (кон тој оператор)

 

До соодветниот Оператор - Примател на бројот се доставува:

  1. “Барање склучување на претплатнички договор со преносување на број” (кое се потполнува во канцелариите на КДС Кабелнет )
  2. “Потврда за подмирен долг” (се издава од Операторот - Давател на бројот)
  3. “Последна платена сметка”- која се однесува на својот постоечки телефонски број односно за броот кој сака да го пренесе кај друг оператор (издадена од операторот давател на услугата),

По доставување на комплетната документација до Операторот - Примател, тој е должен за ја започне процедурата во рок од 2 раб. дена.

 

Процедурата кај Операторот – Примател е следна:

  1. Се испитува техничка можност
  2. Се внесуваат податоците на претплатникот на линкот во МТ или на линкот на друг оператор.
  3. Се добива одговор од МТ или др. Оператор во рок од 7 раб. дена.
  4. Ако одговорот е позитивен се известува претплатникот, потпишува договор и продолжува процедурата.
  5. Во случај доколку барањето е одбиено се известува претплатникот дека е одбиен и од кои причини. Како причини за одбивање на барање за пренесување на број се следните случаеви:
    • Барање што не постои
    • Барање поднесено од неовластено лице
    • Барањето не е комплетно
    • Бараниот број е веќе во постапка за преносливост на број
    • Претплатничкиот број е времено или трајно исклучен
    • Постојат неисполнети договорни обврски на претплатникот кон операторот.
  6. По потпишување на договорот и обезбедување на сите потребни пропратни документи, се внесува во билинг системот. Потребна документација за склучување на претплатнички договор за телефонија е следната:
    • За Физичко лице потребно е: лична карта на увид, копија од лична карта, и последна платена сметка - комунална такса, вода, кабелска, струја итн).
    • За Правно лице потребно е: копии од Тековна состојба од Централен регистар на РМ (не постара од 6 месеци), картон за овластени потписници од банка и ЗПП образец.
  7. Се инсталира во рок од 10 раб.дена.