x

ЗА НАС

Во свет на комуникации, брзи промени и непрекинат раст, спојувањето луѓе и меѓусебното зближување е инспирација и движечка сила на компанијата КабелНет.

Ги прифативме најмодерните трендови во областа на двосмерните повеќенаменски телекомуникациски мрежи (HFC - оптичко-коаксијални мрежи).

Маркетиншки пристап на пазарот, проектирање, инвестициски вложувања, непрекинато работење на изградбата на Кабелскиот дистрибутивен систем, па се до одржувањето на истиот се само дел од активностите на нашата компанија.

Резултатите од долгогодишната работа на КабелНет потврдуваат дека имаме јасно дефинирана програма и јасна цел за во иднината.
Успехот и реализацијата на нашата мисија произлегува од спремноста и константниот труд, своите услуги да ги подигнeме на што повисоко ниво и да ги почитуваме модерните закони кои владеат во светот на телекомуникацијата.
Денеска, КабелНет нуди разновидни кабелски услуги како што се кабелска телевизија, кабелски интернет и фиксна телефонија. Користењето на нашите услуги поединечно или комбинирано меѓу себе значајно придонесуваат за подигнување на квалитетот на живеење на нашите корисници, во вид на забава, информации или комуникација со целиот свет.

Основниот пакет на нашата кабелска телевизија опфаќа широк спектар на телевизиски програми кои се поделени во различни тематски категории. Разновидната телевизиска програма во комбинација со квалитетната слика ќе ги задоволат потребите и на најпребирливите корисници.

Со кабелскиот интернет на Кабелнет обезбеден е брз пристап до интернет, пребарување содржини и превземање најразлични фајлови. Моментално во нашата понуда имаме различни пакети кои можат да ги задоволат потребите на сите корисници, со брзина од 2 Mbps до 40 Mbps со трансфер на податоци од 20 Gb до неограничен месечен сообраќај. Покрај големите брзини на нашите корисници им обезбедивме и прстап до нашиот FTP сервер и Mail сервисот како бесплатни услуги.

Ние, вработените во Кабелнет континуирано се трудиме да го унапредиме секој аспект кој допринесува за зголемено задоволство на нашите корисници. Контакт центар кој во секое време може да му излезе во пресрет на секој корисник во поглед на: сервисни информации, промотивни понуди, услови за приклучување, техничка подршка итн.
Посебно се гордееме на службата за техничка подршка на терен, за која гарантираме дека најбрзо реагира на рекламациите на нашите корисници, а исто така и на непредвидените околности кои можат да го загрозат функционирањето на кабелскиот дистрибутивен систем.

Визијата на менаџментот и работниот дух на компанијата се гаранција за исполнување на замислените работни цели. Компанијата КДС Кабелнет има преку 50 вработени кои живеат и работат на територијата на која и ги нудиме нашите услуги. Благодареќи на тоа, јасно е дека тие ги разбираат најдобро потребите на територијата на која работиме и обезбедуваат моментална техничка подршка со која ретко кој може да се пофали.